Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Босанецот Миралем Пјаниќ, често пати го споредуваат со легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло. Споредбите се чести по стилот на игра, како и по изведувањето на слободните удари, каде што и двајцата се мајстори.
Меѓутоа, тренерот на Јувентус, Максимилијано Алегри тврди дека Пјаниќ и Пирло не се толку слични како што сите зборуваат. Откри зошто така мисли и тоа го искоментира многу ладнокрвно.
„Пирло и Пјаниќ? Андреа израсна со улогата што ја пронајдов во Пјаниќ, кој моменталната позиција ја игра околу 2 години. Добро се снаоѓа тука, но секогаш постои простор за дополнителен напредок. Сметам дека не ма толку многу сличности помеѓу нив“, изјави тренерот на Јувентус.
Меѓутоа, додаде дека прави се за дополнително да го надополни квалитетот на Пјаниќ.
„Навистина правам се за да му помогнам да стане уште подобар. Мотивиран е за работа.“, порача Алегри.
Пјаниќ од доаѓањето од Рома во 2016. година е еден од клучните играчи на Јувентус, а средината на теренот на италијанскиот првак не може да се замисли без него.