Махрез го пропуштил денешниот тренинг на Лестер

„Скај Спортс“ пренесува дека алжирскиот репрезентативец од редовите на Лестер, Ријад Махрез го пропуштил утринскиот тренинг на клубот.

Наводно Махрез бил „депресивен“ по неуспешниот трансфер во Манчестер Сити и не се чувствувал доволно силен за да игра фудбал во овој момент.

Алжирецот не беше во тимот на Лестер и на натпреварот против Евертон кој неговиот клуб го загуби со 2:1.

Дали работите ќе се смират и крилниот фудбалер ќе добие шанса да игра во клубот останува да видиме.