Француски судија сакаше да „клоца“, па доби суспензија од три месеци! (ВИДЕО)

Фудбалскиот сојуз на Франција го суспендираше судијата Тони Шапрон на три месеци, затоа што во еден натпревар го удри фудбалерот на Нант, Диего Карлос.

Во соопштението пишуваше дека е суспендиран на шест месеци, од кои три месеци условно.

Инцидентот се случи во завршницата на натпреварот помеѓу Нант и ПСЖ на 14 јануари. Фудбалерот на Нант, Карлос трчаше од центарот на теренот при контра на ПСЖ и случајно го удри судијата, кој му излезе пред него.

Судијата падна и додека беше на траваата го шутна Карлос, стана и му покажа втор жолт, односно црвен картон.