Манчестер Јунајтед подготвува понуда за играчот на Монако

Од редовите на Манчестер Јунајтед подготвуваат понуда која би изнесувала околу 45 милиони фунти за играчот на Монако, Фабињо.

24 годишниот фудбалер беше трансфер мета на Мурињо и во летниот преоден рок но тогаш до реализација на негов премин на „Олд Трафорд“ не дојде.

Медиумите во Англија пишуваат дека Мурињо е голем љубител на играта на Фабињо кој може да дејствува на неколку позиции на теренот и дека наредното лето со сите сили ќе тргне по неговиот потпис.