Несторовски погоди по подолго време но Палермо претрпе пораз од Фоџа

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски погоди во првенствениот натпревар против Фоџа во кој неговиот Палермо претрпе пораз на домашен терен иако имаше водство .

Несторовски погоди во 65. минута од белата точка и го прекина голгетерскиот пост кој траеше од 25 ноември кога постигна гол против Авелино.

Сепак овој погодок не беше доволен затоа што гостинскиот тим направи комплетен пресврт со головите на Духамел и Крагл.

Александар Трајковски целиот натпревар го помина на клупата за резервни фудбалери.