Најдобри одбрани на голманите во сезоната позади нас


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


УЕФА состави листа од десет неверојатни одбрани од натпреварувањето под нејзино покровителство.

Останаа уште 22 дена до крајот на гласањето за најдобра интервенција на чуварот на мрежата од минатата сезона.

На листата се наоѓаат бравури на Буфон, Нојер, Лорис (2), Оспина, Фабијански, Кирали, Акинефеев, младиот Дешам  и Кевин Трап.

Овие чувари покажаа одлични рефлекси, а само еден ќе ја понесе ласкавата титула за најдобра одбрана од сезоната (2015/16).

ОВДЕ можете да ги погледнете сите одбрани кои влегоа во најтесен избор, а можете со својот глас и да влијаете на изборот за најдобра интервенција.