Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џиџи Буфон во разговор за Тики Така признава дека одлучил за својата иднина и што после крајот на сезоната.
„Јас донесов одлука и сум среќен за тоа, а ќе ја објавам кога ќе дојде време за тоа. Сега сум фокусиран на натпреварите до крајот од сезоната. Сега е дел од сезоната кога мораме да бидеме многу сконцентрирани“.
„Видете, бев протагонист после трите изгубени финалиња во ЛШ. Изубивме бидејќи промашивме три пенали. Тоа ми се случи и со Германија на Европското, па и против Наполи кога промашивме четири пенали. Некако, тоа ме прати секогаш. Потоа игравме финале против Барселона кога таа беше супериорна, но без разлика на тоа, се боревме до крај, но тие заслужено победија“.
„Потоа игравме против Реал Мадрид и мислевме декаможеме да им конкурираме доколку ја играме нивната игра“ .
„Наполи? Да ви кажам искрено, без обзир на тоа што сум голман на Јувентус, јас сум голем љубител на спортот, Ја сакам таа страст на Наполи и на Наполитанците. Секогаш ќе ги поддружувам во Европа и да играат во финале би навивал за нив“.
„Понекогаш се слушам со Федерер, разменуваме неколку поради. Се сеќавам дека во едно интервју ме наведе мене како инспирацијата за неговата долговечност и активно присуство во спорот. Тоа беше навистина убаво од него“