Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, претстојниот викенд ќе учествува на меѓународен теквондо ИТФ А класа турнир „Србија Опен 2018“ во Суботица, соседна Србија. Со овој турнир клубот ја започнува натпреварувачката 2018 сезона.
Под водство на тренерот Марјанчо Лазаревски, натпреварувачите на теквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец ќе ги одмерат силите во спаринг-борби поединечно и екипно.
„Со самото пријавување знаеме дека овој турнир ќе биде премногу тежок турнир, каде учество земаат клубови од Украина, која е трета светска сила, исто така учествуваат клубови од Бугарија која е четврта светска сила, и со тоа дополнително ја зголемува конкуренцијата за медал. Според најавата на натпреварувачите ќе имаме чест да гледаме на борилиштата неколку светски и европски шампиони, што за нашите натрпеварувачи ова ќе е одлично искуство за во иднина кога ќе исполнат критериуми за да можат да учествуаат на некое европско или светско првенство“,вели тренерот Лазаревски.
Тој изразува надеж дека и овој пат натпреварувачите од ХВА РАНГ ИТФ Лескеоц ќе се претстават во најдобро светло.
Од клубот се заблагодаруваат до нивниот спонзор ПН Метал кој и овојпат е најзаслужен за нивното учество на овој престижен турнир.