По само една година помината во Реал го напушта Бернабе

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљос по само една година помината на „Сантијаго Бернабе“ ќе си замине од клубот и среќата ќе ја побара во нова средина.

Талентираниот фудбалер не добива многу шанса од Зинедин Зидан и затоа се одлучил да си замине од „Кралскиот клуб“.

Медиумите во Италија пишуваат дека Рома е сериозно заинтересирана за неговите услуги, а спортскиот директор на клубот Мончи го следел играчот и додека ја вршел истата функција во Севилја.