Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Kladenje.mk ви ги нуди следниве бесплатни типови.
Челси- Кристал Палас: 1 (победа на домаќинот)
Екипата на Челси по двата последователни порази од клубовите од Манчестер ќе се обиде да се врати на победничките патеки на домашен терен против секогаш незгодниот Кристал Палас. Тимот на Антонио Конте МОРА да го добие овој натпревар доколку сака да остане во трката за Лигата на шампионите до самиот крај, во спротивно фановите на Челси ќе мора следната година да се задоволат само со играње во Лигата не Европа, се разбира доколку не се случи чудо и Челси не го освои трофејот во Лигата на шампионите. Во моментов Тотенхем му бега пет поени на „сините“ во трката за последната позиција која води во најелитното европско натпреварување.
Вест Хем- Барнли: 1 (победа на домаќинот)
Дејвид Мојс добро ја започна авантурата во Вест Хем и го одлепи тимот од опасната зона. Но во последно време „чеканите“ не играат баш најдобро, а враќањето на победите ќе го побараат против Барнли кој има фантастична сезона и се наоѓа на седмата позиција, само пет бодови зад местата кои водат во Европа. Сепак, по двата идентични порази од Ливерпул и Свонси (4:1) Вест Хем мора да го добие овој натпревар за во последните осум натпревари од шампионатот да влезе без голем притисок.
ВБА- Лестер: 1 (победа на домаќинот)
Ова дефинитивно е последната шанса за Алан Пардју и Вест Бромвич Албион да изборат опстанок. Само победа против некогашниот шампион на Англија ќе им донесе какви такви шанси за зачувување на премиерлигашкиот статус. Во моментов тимот од Бирмингем заостанува цели осум бода зад опасната зона, но од клубот се уште не се откажуваат затоа што знаат дека пред себе имаат пресметки и со директните конкуренти за опстанок. Лестер нема никакви аспирации затоа што е бодовно далеку и од опасната зона и од местата кои водат во Европа.
КПР- Сандерленд: т2 2+ (гостинскиот тим ќе постигне најмалку два гола)
И со доаѓањето на Крис Колман во Сандерленд не се решија проблемите во клубот, па тимот кој некогаш важеше за стабилен премиерлигаш сега се наоѓа во опасната зона во Чемпионшип и е пред испаѓање во понизок ранг. „Црните мачки“ викендов ќе гостуваат кај Квинс Парк Ренџерс тим кој се наоѓа на 16. позиција на табелата и годинава нема аспирации за висок пласман. Натпреварите меѓу овие тимови секогаш носеле интересен фудбал, па без сомнеж така ќе биде и во сабота кога се очекуваат многу голови.
Проверете ги останатите типови на Kladenje.mk