ПСЖ го посакува двоецот на Челси


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Медиумите во Франција пишуваат дека од таборот на ПСЖ речиси сигурно по крајот на сезоната отказ ќе заработи Унаи Емери.

На местото на шпанскиот стратег би требало да пристигне актуелниот тренер на Челси, Антонио Конте кој е сериозен кандидат и за селекторското место во репрезентацијата на Италија.

Покрај Конте, од ПСЖ го посакуваат и одличниот играч од средниот ред на Челс, Нголо Канте. Доколку Антонио Конте пристигне на „Паркот на принцовите“ освен Канте ќе добие пари да ги реализира трансферите на Рајан Сесењон, Алекс Сандро и Џиџи Донарума.