Нереди во Лондон, Нобл се степа со навивач на неговиот тим (видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Веќе некое време навивачите на Вест Хем се жалат на раководството на клубот и со разни транспаренти го искажуваа своето незадоволство, но денес отидоа и чекор понапред.

Имено, навивачите почнаа да влегуваат во терен веднаш по првиот гол кој го постигна Барнли, а капитенот Марк Нобл дури влезе и во физичка пресметка со еден од нив.

Навивачите се обидоа да ги нападнат Дејвид Саливен и Дејвид Голд на кои полицијата ги советуваше да го напуштат стадионот, а тоа и се случи пред крајот на натпреварот.