Официјално: Алекс Сонг потпиша за Рубин


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Досегашниот фудбалер на Барселона Алекс Сонг потпиша договор со Рубин Казан, соопшти рускиот клуб на својот сајт.

Рубин не наведе детали од договорот, веќе само дека 28-годишниот камерунски фудбалер ќе го носи дресот со број осум.

Сонг последните две сезони ги помина на позајмици во Вест Хем, а во минатата сезона одигра само 15 натпревари, поради тоа што имаше проблем со повреда на скочниот зглоб.

Тој во 2012 година од Арсенал премина во Барселона, со која екипа потпиша петгодишен договор.

Не успеа да се снајде на Ноу Камп и одигра само 39 првенствени натпревари за каталонскиот клуб.

Во текот на кариерата играше за Бастија и Чартлон.

Неодамна и Барселона по пат на својот официјален сајт го потврди раскинот на договорот со играчот, што беше последна пречка за премин на Камерунецот во Русија.

Рубин во текот на летниот преоден рок го доведе и досегашниот напаѓач на Реал Сосиедад Жонатас.