Махмудов во извонредна голгетерска форма, ќе добие ли повик од Ангеловски?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


28 годишниот интернационалец од Македонија, Денис Махмудов повторно беше стрелец за Додрехт на денешниот лигашки натпревар од втората Холандска лига против Јонг Ајакс.

Неговиот тим загуби на домашен терен со 3:2, а Махмудов беше стрелец на вториот гол во 48. минута во тој момент за израмнување на резултатот.

Ова е вкупно 12 гол за Махмудов во дресот на Додрехт, седми во последните десет натпревари.

На натпреварот со Јонг Ајакс 90 минути одигра и Александар Станков кој исто така е редовен член на клубот кој до самиот крај ќе се бори за влез во најелитната лига во Холандија.

Стефан Ашковски ги одигра сите 90 минути за неговиот тим Фортуна Ситард во победата од 3:0 над Хелмонд со што остана на првата позиција на табелата во втората холандска лига.

Останува отворено прашањето дали одличната форма на Махмудов и Ашковски ќе биде забележана од селекторот Ангеловски и тој ќе ги повика во репрезентативниот дрес.