Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Недела, ден за тикет. Kladenje.mk ви нуди неколку предлози за денес:
Милан – Наполи: ГГ3+ (двете екипи постигнуваат гол, а вкупно паѓаат три или повеќе голови)
Ова е една од двете дерби средби кои се играат викендов во италијанската Серија А. Екипата на Милан го пречекува второпласираниот Наполи, кој полека, но сигурно ја изгуби трката со Јувентус за Скудетото. Милан во овој меч влегува по серија од три натпревари без победа, односно две реми средби и еден пораз, додека Наполи во последните три средби има дури две победи. Кога ќе ги погледнеме меѓусебните дуели, Наполи и Милан во последните пет средби, на три одиграле ГГ3+, па поради тоа следува ваква прогноза.
Лацио – Рома: ГГ3+ (двете екипи постигнуваат гол, а вкупно паѓаат три или повеќе голови)
Големо дерби не очекува во Рим помеѓу Лацио и Рома. „Волчицата“ направи сензација во Лигата на шампиони и го елиминираше тимот на Барселона додека Лацио беше елиминиран од Салцбург. Во Серија А продолжува битката за третото и четвртото место, кои носат во ЛШ наредната сезона. Лацио влегува во оваа средба со две победи на последните два натпревари додека Рома има еден пораз и едно реми на последните два меча. Кога ќе се погледнат меѓусебните средби, двете екипи на последните три средби одиграле ГГ3+.
Шалке – Борусија Дортмунд: 3+ (вкупно се постигнати повеќе од три голови)
Германците се познати по тоа што постигнуваат многу голови. До крајот на сезоната остануваат уште само пет кола, а битката за ЛШ се повеќе се загрева. Шалке во последните пет средби има само еден пораз додека Дортмунд има еден пораз, едно реми и три победи. Кога ќе се погледнат последните меѓусебни средби на овие екипи, дури на три од последните пет натпревари биле постигнати повеќе од четири голови.
ФК Скопје – Работнички: Х (средбата завршува реми)
Полека, но сигурно македонската Прва лига влегува во својот финиш, а екипата на Работнички може да се надева дека ќе стигне до место кое води до Лигата на Европа наредната сезона додека ФК Скопје се бори за опстанок во лигата. На последните пет средби, Работнички има катастрофална серија, па може да се пофали со само една победа додека исто така има два порази и две реми средби. ФК Скопје е во подобра форма, па на последните пет меча има дури три победи и две реми натпревари. Кога ќе се погледнам меѓусебните средби, Работнички и Скопје на последните четири натпревари, одиграле дури три пати реми.
Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk