До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Скај Италија пренесува дека Карло Анчелоти имал состанок со челните лица на Италијанската фудбалска федерација, Роберто Фабричини и Алесандро Костакурта во Рим.
На оваа средба, наводно му била понудена позицијата селектор на репрезентацијата на Италија.
Средбата била во траење од околу 90 минути, а на неа се одело и до детали, па Анчелоти го кажал и стручниот штаб кој сака да биде зад него доколку го преземе кормилото на репрезентацијата.
Се уште нема официјализација на договорот, но се шпекулира дека тој би бил во времетраење од две години и бил со значително помали примања од тоа што би заработувал Анчелоти како клупски стратег.















