Претседателот на Наполи купува клуб во кој во минатото капитен беше Мојсов

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис неодамна соопшти дека ќе го прошири својот бизнис во фудбалот.

Де Лаурентис пројавил интерес за купување на клуб од Белгија, а медиумите во Италија денес објавија дека станува збор за тимот на Лирс.

Лирс веќе некое време се натпреварува во втората лига во Белгија, а пред неколку сезони капитен во клубот беше нашиот интернационалец Даниел Мојсов. Покрај Мојсов за Лирс има настапувано и Бобан Грнчаров.