Нема туку така да седна на клупата на Арсенал, Енрике бара 200 милиони фунти за трошење


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека шпанскиот стратег, Луис Енрике бара 200 милиони фунти за трошење од таборот на Арсенал за да ја прифати позицијата која му ја нудат.

Поранешниот менаџер на Барселона е фаворит за наследник на Арсен Венгер на „Емирати“, но има екстремно високи барања.

Имено, Арсенал никогаш во историјата не потрошил 200 милиони фунти во еден преоден рок за засилувања, но Енрике истите ги поставил како услов за да се согласи да го води тимот во иднина.

Медиумите во Англија пишуваат дека доколку Енрике пристигне на „Емирати“ единствено сигурни ќе се само Пјер Емерик Обамејанг и Александре Лаказет.