Арсенал ќе купува во Леверкузен


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Од таборот на Арсенал полека се подготвуваат за следната сезона и веќе го кројат списокот на трансфер засилувања.

Позиција која мора да се покрие за следната сезона е голманската со оглед на тоа што Чех веќе го газат годините, а и не брани баш константно на високо ниво, а ист е случајот и со Оспина.

Затоа „топчиите“ ќе се насочат кон голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено кој би ги чинел околу 17 милиони фунти.

Одличниот голман ја известил управата на Леверкузен дека сака да си замине ова лето, а во неговиот договор има откупна клаузула од 17 милиони фунти.