Сари се поврзува со клупата на Челси

Актуелниот стратег на Наполи, Маурисио Сари се споменува како можен нов предводник на тимот на Челси.

Лондон Ивнинг Стандард пишува дека доколку Антонио Конте замине, а Луис Енрике се одлучи за премин во Арсенал, Сари ќе биде првиот избор на Роман Абрамовиќ.

Стратегот кој го вивна Наполи во врвот на Серија А има откупна клаузула која изнесува седум милиони фунти доколку некој клуб го побара пред крајот на месец мај.