Мората се враќа во старото јато


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Медиумите во Англија и Италија пишуваат дека со заминувањето на Конте ќе му биде дозволено и на Алваро Мората да го напушти клубот ова лето.

Тутоспорт пренесува дека клубот од Лондон ја одредил цената за Шпанецот и таа би изнесувала 60 милиони евра.

Интерес за Мората има од неговиот поранешен клуб Јувентус кој е подготвен да го донесе Шпанецот најпрво на едногодишна позајмица со задолжителен откуп на договорот.