Ливерпул пред реализација на трансфер вреден 70 милиони евра


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Водечките медиуми во Британија лансираат вест дека Ливерпул се договорил со Набил Фекир од редовите на Лион.

Наводно трансферот е вреден 70 милиони евра, а Фекир би требало да се приклучи на тимот на средината на јули, по крајот на Светското првенство.

Покрај Фекир, Ливерпул веќе го договори и трансферот на Наби Кеита од Лајпциг, а заинтересирани се и за Дани Себаљос од Реал Мадрид.

За Фекир интерес постоеше и од тимот на Арсенал, но се чини дека Клоп реагирал побрзо и речиси сигурно ги обезбеди неговите услуги.