Мурињо дал зелено светло за заминување на миленикот на фановите


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо дал зелено светло за миленикот на навивачите, Ентони Марсијал да си замине од тимот.

По доаѓањето на Алексис Санчез, Французинот добива се помалку шанса на теренот и целосно падна во втор план кај Португалецот.

Затоа, младиот офанзивен играч сака да си замине од тимот, а за него постои сериозен интерес од тимот на Јувентус, а ситуацијата ја следат и од Арсенал и од Тотенхем.

Каква ќе биде разврската, останува да почекаме и да видиме во овој летен преоден рок.