Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Андрес Иниеста доби уникатен подарок од тимот на Виљареал пред почетокот на нивната средба во текот на вчерашниот ден.
33 годишниот фудбалер на подарок доби жолта подморница од тимот на Виљареал кого повеќето во фудбалскиот свет го знаат по тој прекар, „жолта подморница“.
Од клубот објавија пред стартот на натпреварот дека ќе му дадат на Иниеста подарок со кој ќе му оддадат почит на неговата досегашна кариера и неговите достигнувања како спортист.
Виљареал го стори и тоа што требаше да го стори и Реал Мадрид, направи шпалир со кој ги поздрави новите шампиони на Шпанија.