Бомба од Атлетико: „Јорганџиите“ го враќаат поранешниот напаѓач


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Како што пренесува Радио Марка, од редовите на Атлетико Мадрид планираат да тргнат по услугите на напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.

Гризман речиси сигурно ќе си замине од клубот ова лето, па од Атлетико го посочиле Кун Агуеро како идеална замена за Французинот. Агуеро се пресели во Сити во 2011 година и од тогаш константно игра одлично во дресот на „Граѓаните“.

Аргентинецот има договор со Сити до 2020 година и во неколку наврати истакна дека нема да го продолжи истиот затоа што тогаш сака да се врати во Аргентина каде планира да ја заврши играчката кариера.