Готово е: Руни во недела го игра последниот натпревар во Премиер Лигата


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Според најновите најави, Вејн Руни ќе го одигра последниот натпревар во Премиер лигата оваа недела.

Англичанецот е пред трансфер вреден 12 милиони фунти во редовите на тимот од МЛС Лигата, ДС Јунајтед.

Скај Спортс дознава дека договорот бил изготвуван во последните седум недели, за конечно истиот да биде потпишан во следните неколку дена.

Руни со ДС Јунајтед ќе потпише договор со времетраење од три години до 2020 година.