Ни Арсенал, ни Баерн, познат новиот клуб на Малком


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Медиумите во Англија пишуваат дека од таборот на Ливерпул сега се најсериозни кандидати за услугите на талентираниот фудбалер на Бордо, Малком.

За крилниот фудбалер постои интерес од речиси сите топ европски екипи, а како најголеми фаворити за неговиот потпис се споменуваа Арсенал и Баерн Минхен.

Некои медиуми веќе објавија дека Баерн го договорил Бразилецот, но по најновите најави Ливерпул е во предност за потписот на младиот фудбалер. Тимот од Мерсисајд ќе издвои околу 40 милиони фунти за да го добие Малком во своите редови.