Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Вториот голман на Барселона, Јаспер Силесен е интересен за неколку европски гиганти, меѓу кои и тимот на Баерн Минхен.
29 годишниот голман оваа сезона настапи на 11 натпревари во дресот на Барселона и прими само три погодоци успевајќи осум пати да ја сочува својата мрежа.
Марк Андре Тер Штеген беше прв избор за Валверде и тој со сигурност ќе остане во Барселона и следната сезона, додека иднината на Силесен останува неизвесна.
Покрај Баерн Минхен за поранешниот голман на Ајакс постои интерес и од тимот на Ливерпул.














