Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Арсенал и Ливерпул ќе се обидат во своите редови ова лето да го донесат играчот на Напол, Пјотр Зиелински.
Како што пренесува Кориере дело Мезоџорно, Полјакот би ги чинел премиерлигашките клубови околу 65 милиони евра.
Топчиите очајно се во потрага по нов играч од средниот ред, додека пак од Ливерпул го гледаат Зиелински како потенцијална замена за Емре Чан кој следната сезона ќе игра во редовите на Јувентус.
Полскиот репрезентативец е еден од најстандардните во редовите на Наполи и одигра 34 од вкупно 36 натпревари во Серија А.














