Кедира сака трансфер во Премиер Лигата


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


По се поизвесното доаѓање на Емре Чан во редовите на Јувентус, јасно е дека Сами Кедира ќе ја изгуби стартната позиција во тимот.

Германскиот интернационалец се поврзува со трансфер во неколку премиерлигаши, а најсериозен интерес за него покажале тимовите на Ливерпул, Арсенал и Тотенхем.

Кедира наводно им соопштил на челниците на Јувентус дека сака да си замине од клубот ова лето. Играчот од средниот ред има договор на уште една сезона со италијанскиот гигант.