Гвардиола посочи дали е можен трансфер на Агуеро во Атлетико


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги отфрли сите можности Агуеро да се пресели во редовите на Атлетико Мадрид.

Претходните денови се пишуваше дека Агуеро е трансфер цел на „јорганџиите“ како потенцијална замена за Гризман кој ќе си замине од клубот. Сепак, Гвардиола истакна дека до враќање на Агуеро во Атлетико Мадрид нема да дојде.

„Не сакам да се откажам од Агуеро. Тој ќе биде овде се додека тој не одлучи дека неговото време во Сити заврши. Како што кажав многу пати за време на оваа сезона, мислам дека нема да не напушти. Но во фудбалот ништо не се знае“- коментираше Гвардиола.