Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Од таборот на Манчестер Сити се во водечка позиција кога во прашање е трансферот на играчот на Наполи, Жоргињо.
За Бразилецот кој настапува за репрезентацијата на Италија постои сериозен интерес од неколку европски клубови.
Сепак, главниот збор веројатно ќе го има Манчестер Сити откако најголемиот фаворит за неговиот потпис, Манчестер Јунајтед се откажал од намерата да го донесе во своите редови.
Наполи веројатно нема да ја освои титулата во Серија А оваа сезона по што ќе следи егзодус на играчи во летниот преоден рок. Реина, Мертенс, Кулибали, Жоргињо, Зиелински, па дури и Хамшик би можеле да го напуштат клубот ова лето.














