Баерн се вклучи во трката за сензацијата од Ајакс

Баерн Минехн се вклучи во трката за 18 годишниот екстра талент од редовите на Ајакс, Матијс Де Лигт.

За младиот одбранбен фудбалер сериозен интерес постои и од Барселона и од Тотенхем, а во последно време за него се распрашувал и баварскиот гигант.

Де Лигт е стандарден во Ајакс веќе две сезони, а досега има пет настапи за репрезентацијата на Холандија.