Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Сем Алрдајс ќе си замине од редовите на Евертон и тоа ќе биде објавено во следните 24 часа.
Негова замена, како што дознава Скај Спортс ќе биде поранешниот тренер на Хал и Вотфорд, Марко Силва.
Алрдајс ќе се сретне со Фархад Мошири во текот на утрешниот ден кога ќе биде ставена точка на шестмесечното водење на клубот од страна на Англичанецот.
Искусниот Алрдајс ќе заработи дополнителни шест милиони фунти како оштета што предвреме му е раскинат договорот.















