Реал тргнува по играч на ПСЖ, а тоа не е Нејмар


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Како што пренесува шпанскиот весник Спорт, Килијан Мбапе е трансфер цел на тимот на Реал Мадрид.

Во изминатиов период се шпекулираше дека Реал се интересира за тимскиот колега на Мбапе, Нејмар, но Спорт пренесува дека тоа било само за да се прикријат плановите на клубот од Мадрид во намерите да го донесат Мбапе во своите редови.

Мбапе исто така беше цел на Реал минатото лето кога тој од редовите на Монако премина во Пари Сен Жермен на едногодишна позајмица со задолжителен откуп од 180 милиони евра.