Емоции на сите страни, Буфон се прости од дресот на Јувентус (видео)

Легандарниот италијански голман, Џиџи Буфон по 17 години си заминува од Јувентус.

Буфон на последната средба со Верона почна од првата минута, а Алегри се реши да го извади од игра во 61.минута од средбата. Тоа беше многу емотивен момент за Буфон, кој почна да ги прегрнува соиграчите, а целиот стадион беше на нозе. Секако, многумина не можеа да се воздржат и пуштија по некоја солза.

Инаку, Јувентус со рутинска победа од 2:1 ја заврши сезоната во Серија А. Ругани и Пјаниќ беа стрелци на головите за клубот од Торино.