Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Фудбалерите на Реал Мадрид и Ливерпул вечерва во Киев го играат големото финале во Лигата на шампиони.
Навивачите едвај чекаат да почне натпреварот, а психолошки дуел водат капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос и ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах.
Рамос кажа дека не може да поверува зошто некои велат дека Салха е на ниво на кое се Роналдо и Меси.
„Да се споредат некои играчи со Роналдо и Меси е нешто што не може да го направите. Не можам да верувам дека некој вели дека Салах е на нивно ниво“, вели Рамос.