До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Челси, Цеск Фабрегас би можел да се врати во својата родна Шпанија откако за него интерес пројавиле тимовите на Валенсија и Виљареал.
Играчот од средниот ред има уште 12 месеци од неговиот актуелен договор со Челси, па не би требало да претставува прескапа варијанта за овие два шпански клуба.
Фабрегас имаше променлива сезона на „Стемфорд Бриџ“ и не успеа да обезбеди место во репрезентацијата на Шпанија за Светското првенство во Русија.














