Меси: Би ги менувал сите трофеи со Барселона за Светското првенство


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, сезонава со Барселона ги освои шпанското првенство и шпанскиот Куп, а вели дека би ги менувал титулите за трофејот на Мундијалот.

Аргентина од 2014 до 2016 година загуби три финалиња. Па јасно е зошто е голема желбата на Меси да го освои Светското првенство.

„Би ги менувал титулите на Барселона за трофејот на Мундијалот. Да се освои Светското првенство со Аргентина ми е најголема желба. Верувам во екипата, работиме добро и имаме играчи со многу искуство“, вели Меси.