Премиерлигашки интерес за Алба


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Шпанскиот весник Марка пишува дека Манчестер Јунајтед и Челси се сериозно заинтересирани во своите редови да го видат фудбалерот на Барселона, Жорди Алба.

Договорот на 29 годишниот фудбалер со каталонскиот клуб истекува во 2020 година, а Шпанецот наводно бил фрустриран затоа што од клубот се уште не му понудиле нов, побогат договор.

И Манчестер Јунајтед и Челси се во потрага по квалитетен лев бек, а во името на Жорди Алба сигурно ќе го добијат тоа. Сепак, приоритетен фудбалер за двата клуба е Алекс Сандро, па ќе видиме што ќе се случи во следниве месеци.