Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Веста дека Зинедин Зидан си заминува од клупата на Реал Мадрид ја шокира фудбалската јавност, а најмногу навивачите на овој клуб.
Само неколку дена откако Реал Мадрид ја освои третата по ред титула во Лигата на шампионите, Французинот се реши да си замине од клупата.
Еден од првите кои се огласи по заминувањето на Зидан беше капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.
„Господин, и како тренер и како играч одлучивте да кажете збогум додека бевте на врвот. Ви благодарам за прекрасните две и пол години фудбал, работа, љубов и пријателство. Заминувате, но вашето наследство уште сега е неизбришливо и претставува едно од најуспешните поглавја во нашата историја“ –напиша Рамос.