Баерн ќе се засилува од Ред Бул Лајпцијг

Како што пренесува Билд, од Баерн Минхен планираат своите редови да ги засилат со фудбалерот на Ред Бул Лајпциј, Тимо Вернер.

Баерн попуштил и се помирил со фактот дека Роберт Левандовски ќе си замине од тимот, па Баварците влегоа во официјална потрага по негов наследник.

Тимо Вернер одигра одлична сезона во дресот на Ред Бул, а клубот од Лајпциг ќе бара неверојатни сто милиони евра за неговите услуги.