Веќе нема дилеми, Умтити останува во Барселона


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Самуел Умтити потпиша нов договор со Барселона со кој се обврза на верност со клубот од „Камп Ноу“ до 2023 година.

„Среќен сум и горд што имам прилика да го продолжам договорот со Барселона. Малку сум нервозен зошто продолжува мојот сон. Од првиот ден овде се чувствувам како дома. Сакам да останам долго, можеби 15 години, а потоа повторно да разговараме за нов договор“-коментираше Умтити.

Одличниот стопер беше мета на Манчестер Јунајтед затоа што во неговиот досегашен договор имаше откупна клаузула од само 60 милиони евра.

Затоа, од Барса не ја повторуваат истата грешка, па сега во новиот договор има откупна клаузула од неверојатни 500 милиони евра.