Франс Фудбал со трансфер бомба: Мане договорил феноменален трансфер


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Францускиот медиум „Франс Фудбал“ пренесува дека Садио Мане се договорил со Реал Мадрид за трансфер ова лето.

Сепак истиот медиум пренесува дека заминувањето на Зинедин Зидан од клупата на „Кралевите“ би можело да значи дека трансферот можеби и нема да се реализира.

Реал Мадрид и Ливерпул немале постигнато договор, но истиот бил начелно постигнат меѓу Мане и Реал Мадрид.

Дали и покрај заминувањето на Зидан ќе се  оствари ваквиот трансфер останува да видиме во следните месеци.