Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Некогашниот играч на Манчестер Јунајтед , сега и заборавен во фудбалските кругови Џон Ошеј својата фудбалска кариера ќе ја продолжи во екипата на Рединг.
Ошеј кој има веќе 37 години, го напушти Сандерленд откако клубот испадна од Чемпионшип. Во екипата на „ Црните мачки“ Ирецот помина седум сезони и одигра 256 натпревари.
Исто така кариерата ја започна во Манчестер Јунајтед во далечната 1999 година, а за националниот тим на Ирска одигра дури 118 натпревари.
Ошеј со некогашниот учесник во Премиер лигата потпиша едногодишен договор.















