Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот менаџер на Евертон, Марко Силва е подготвен да се ослободи од четворица играчи ова лето и да направи простор за нови засилувања.
Од „Гудисон Парк“ во текот на летниот преоден рок би требало да си заминат Морган Шнајдерлин, Ешли Вилијамс, Јаник Боласи и Вејн Руни. Освен Руни, за кого Силва јавно побара да остане, сите останати добиле слобода да бараат нови клубови.
Пред неколку дена клубот и официјално го напушти аргентинскиот интернационалец Рамиро Фуњес Мори кој се пресели во редовите на Виљареал.
Празнините кои ќе настанат во средниот ред Марко Силва планира да ги пополни со Џек Вилшер кој е слободен агент и Рубен Лофтус Чик од редовите на Челси.