Што се случува? УЕФА ќе одлучи за судбината на Милан во среда


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


УЕФА ќе донесе конечна одлука за судбината на Милан и ќе објави дали клубот од Италија ќе биде исфрлен од европските натпреварувања дури во среда.

Милан требаше да ја дознае својата санкција поради кршењето на финансискиот фер плеј во понеделник, но „Спорт Италија“ јавува дека таа ќе биде одложена за 24 до 48 часа.

Како и да е, од Италија јавуваат дека ова е нормално одложување и дека тоа нема врска со конечната одлука која ќе биде сигурно исфрлање на Росонерите од Лигата на Европа.