Официјално: Египет го отпушти селекторот Купер!

Ектор Купер доби отказ од репрезентацијата на Египет, која го заврши предвреме учеството на Светското првенство во Русија.

Египет не освои ниту еден бод на Мундијалот, а веднаш по враќањето на селекцијата во Египет, Купер доби отказ, иако имаше договор до средината на јули.

„Имавме состанок по враќњаето од Русија и сите во сојузот се сложија дека треба да го отпуштиме Купер и неговите соработници. Му благодариме за успесите со Египет“, пишува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Египет.