Прозорците од аргентинскиот хотел гледаат во ликот на Кристијано Роналдо (ФОТО)

Аргентина во осминафиналето на Светското првенство ќе игра на 30. јуни против Франција, откако вчера со големи проблеми успеаа да ја победат Нигерија и да обезбедат пласман во нокаут-фазата.

Французите имаа шанса да си резервираат порано хотел во кој ќе престојуваат за време на групната фаза, а на Аргентинците им остана само хотелот рамад, каде што Лионел Меси и соиграчите ќе останат.

Немаше да биде ништо чудно доколку хотелот нема поглед на голем графит на Кристијано Роналдо. Ликот на Португалецот е нацртан на зграда од спротива, но за среќа графитот не се гледа од сите прозорци.