Има ли крај на контроверзиите: Михајловиќ повеќе не е тренер на Спортинг Лисабон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Старо новиот претседател на Спортинг Лисабон, Соуса Синтра денес објави дека Синиша Михајловиќ нема да го води клубот следната сезона.

Србинот беше донесен пред девет дена кога на чело на Спортинг Лисабон беше контроверзниот претседател Бруно де Карваљо.

„До понеделник ќе го презентираме новиот тренер, кој  ќе биде талентиран и ќе може да се вклопи во амбициите на Спортинг Лисабон и ќе се бори за првото место“- истакна искусниот Соуса Синтра кој го презеде клубот пред само два дена.

Синтра најави дека ќе разговара и со играчите кои побара спогодбен раскин на договорот со клубот од Лисабон.